Индустриското производство во јуни намалено за 4,1 отсто

Bez autora
Jul 29 2012

Индексот на индустриското производство во јуни 2012 година е намален за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани. Со ова индустриското производство во Македонија бележи пад десетти месец последователно, откако за последен пат во август минатата година беше евидентиран пораст на производството. Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2012 година, во однос на првото полугодие од претходната година бележи намалување за 6,9 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јуни 2012 година на годишно ниво бележи опаѓање кај Капитални производи за 18,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 47,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека бележи пораст кај Енергија за 5,7 отсто и Интермедијарни производи, за 5,4 отсто.

Индустриското производство во јуни намалено за 4,1 отстоИндексот на индустриското производство во јуни 2012 година е намален за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани, објави во петокот државниот завод за статистика.

Со ова индустриското производство во Македонија бележи пад десетти месец последователно, откако за последен пат во август минатата година беше евидентиран пораст на производството.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2012 година, во однос на првото полугодие од претходната година бележи намалување за 6,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2012 година на годишно ниво бележи опаѓање кај Капитални производи за 18,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 47,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека бележи пораст кај Енергија за 5,7 отсто и Интермедијарни производи, за 5,4 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи пораст од 6,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,7 отсто, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik